For Immediate Release
На 28ми Март во Тетово, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и меѓународната услужна компанија Еколог заеднички го основаа Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото. Секој од партнерите вложи по 15.000 долари за да го основа Фондот, кој ќе им помага на малите бизниси да ги зголемат своите капацитети, да создаваат повеќе работни места и да го подобруваат квалитетот на животот во Полошкиот регион.ж
“Инвестицијата во Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото е инвестиција во луѓето во Полог и носи придобивки за сите луѓе во регионот„ – рече Американскиот Амбасадор Пол Волерс. Тој додаде: “Ги повикувам и другите бизниси да го следат примерот на Еколог и да придонесат со свои средства во Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото„.
Истражувањата покажуваат дека општествата со поголема еднаквост помеѓу родовите имаат и повисок економски раст. Јавните и приватните сектори имаат придобивки кога жените можат во целосно да учествуваат во економијата. Во текот на 2013 година, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси им помогна на повеќе жени претприемачки во регионот со доделување на грантови на бизниси кои се водени од жени и имаат висок потенцијал за раст. Со поддршката од УСАИД, бизнисите го дуплираа своето производство и заедно создадоа 33 нови работни места. Фондот ќе ги насочи овие напори и кон младите претприемачи и ќе продолжи да ги зајакнува локалните економии и да ги подобрува животите на граѓаните.
Советодавен одбор во кој членуваат жени претприемачи и претставнички од локалната самоуправа ќе номинира бизниси кои ќе можат да добијат финансиска поддршка. УСАИД ги охрабрува инвеститорите и заинтересираните претприемачи да го контактираат одборот на Фондот на : office@zllr.org.mk
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.