САД го помогна реновирањето на основното Училиште во Општина Битола

Свечено сечење лента во реновираното основно училиште Ѓорѓи Сугарев во Битола
Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стеин, Воздухопловното Аташе на американската амбасада во Македонија, Потполковник Борис Гершман, Градоначалниокот на општина Битола, Владимир Талески и директорката на Основното училиште Загорка Јовчев
Игор Ордев, Проект на УСАИД за мултиетничка интеграција во образованието

For Immediate Release

Thursday, June 5, 2014
Билјана Величковска
+389 (0) 310-2314

28 мај 2014 - Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието заедно со општина Битола го прославија завршувањето на реновирањето на основното училиште Ѓорги Сугарев во Битола. Процесот на реновирање, финансиски поддржан од Владата на САД преку Европската команда на САД, создаде подобра средина за учење на учениците и наставниците од Битола, кој беше овозможен преку учеството на училиштето во проектот на УСАИД.

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стеин изјави: "Преку различни активности, проектот гради пријателства и ги премостува етничките поделби. Овие пријателства не само што ги збогатуваат животите на оние кои ги формираат, туку тие се основа за поголема соработка, како и интегрирана, и мирна иднина за Македонија."

Воздухопловното Аташе на американската амбасада во Македонија, Потполковник Борис Гершман додаде: "Од нас се бара посветеност и континуиран напор за да се поттикне и прифати вредноста на мултикултурно општество во процесот на создавање почит и заемно разбирање”.

Ученичката заедница во ОУ Ѓорѓи Сугарев е од различни мешани етнички групи: македонци, албанци, роми и турци.До сега, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието им помогна на 11 заедници во нивните напори да се подобрат условите во училишните објекти, вклучувајќи ги и правејќи ги достапни и за ученици со посебни потреби, заложувајќи се да помогне на уште 13 во оваа година. Проектот е четири- годишна иницијатива во вредност од $ 5,2 милиони, ко-финансиран од страна на УСАИД и Европската команда на САД , и работи со воспитно-образовните чинители во насока на поддршка на напорите на Владата на Македонија за меѓуетничка интеграција во образованието. Проектот ја гради свеста и обезбедува обуки за разновидност, техничка помош и обезбедува стимул за училишните одбори, директорите, наставниците, како и претставници на администрацијата. За повеќе информации, посетете ја страната: www.pmio.mk.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ:

Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано над 500 милиони долари во Македонија од 1993 година. УСАИД работи со луѓето од Македонија на создавање работни места, зајакнување на институциите, подобрување на интегрираното образование и ги подготвуваат македонските ученици за работа. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат македонската транзиција кон една стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји.  За повеќе информации посетете ја  веб страницата http://macedonia.usaid.gov или нашата Facebook страна: http://www.facebook.com/USAIDMacedonia