For Immediate Release
На 4ти Декември 2013, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието заедно со град Скопје го прославија завршувањето на реновирањето на средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје. Процесот на реновирање, финансиски поддржан од Владата на САД преку Европската команда на САД (ЕУКОМ), создаде подобра средина за учење и ја покажаа силата на заедничката работа преку ангажирање на сите членови на заедницата во процесот.
"Ние ја воочуваме важноста на меѓуетничката интеграција во јавениот образован систем на Република Македонија, и ви честитаме на чекорите што се преземени кон таа цел", рече Наредникот на Канцеларијата на Военото Аташе при Амбасада на САД, Гери Шеденхелм. "Ние градиме повеќе од подобри училници. Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, ние, исто така, создаваме основа за поголема соработка, интегрирана, и мирна иднина"
Училиштата кои работат со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието имаат можност да аплицираат за средства за реновирање достапни од Европската команда на Американската војска. Во наредната година, ПМИО ќе им помогне на повеќе од десет заедници во нивните напори да се подобрат училишните објекти, овозможувајќи им достапност на ученици со посебни потреби. ПМИО е четири годишна инцијатива која ќе соработува со сите релевантни образовни институции поддржувајќи ги напорите на Владата на Република на Македонија во процесот на етничко интегрирање. Проектот има за цел да обезбеди повисоко ниво на свеста кај луѓето, обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директори, наставници и преставници на администрацијата.. За повеќе информации, посетете ја: www.pmio.mk
БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ:
Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано над 500 милиони долари во Македонија од 1993 година. УСАИД работи на проекти кои создаваат работни места, ја намалуваат корумпираноста и ги подготвуваат македонските ученици за работа. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат македонската транзиција кон една стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации посетете ја веб страницата http://macedonia.usaid.gov или нашата Facebook страна: http://www.facebook.com/USAIDMacedonia
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.