Одржан првиот форум за обновливи извори на енергија

Одржан првиот форум за обновливи извори на енергија
Одржан првиот форум за обновливи извори на енергија
USAID DOC Office

For Immediate Release

Wednesday, November 27, 2013
Билјана Величковска
+389 70367547

Во среда, 27 ноември, 2013 година, Проектот на УСАИД за инвестиции во обновливи извори на енергија, во соработка со Групацијата на производители на обновливи извори на енергија во рамките на Стопанска комора, и Балканската програма за обновливи извори на енергија на Меѓународната финансиска корпорација го организираа првиот од серијата на форуми на чинители и засегнати страни во областа на обновливи извори на енергија.  Иницијативите кои ќе произлезат од овој форум ќе придонесат за подобрување на законската и регулаторна рамка за инвестирање во оваа област, и ќе помогнат за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите.  

“Ако сакаме да видиме поголеми инвестиции и искористување на богатите обновливи извори кои ги поседува Македонија – како што се ветерот, сончевата енергија, водите или биогасот – потребно е да се олесни процесот за потенцијалните инвеститори, без притоа да се доведе во прашање зачувувањето на животната средина. – изјави Џејмс Стајн, Директор на Мисијата на УСАИД во Македонија.

“Ние соработуваме со Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со други клучни чинители почнувајќи од 2012 година.  Нашата програма воспоставува партнерства со локални и меѓународни инвеститори во обновливи извори на енергија и се стреми да ги унапреди нивните технички решенија и можноста за кредитирање на инвестиционите проекти – изјави       г-динот Небојша Арсенијевиќ, Програмски менаџер на Балканската програма за обновливи извори на енергија на Меѓународната финансиска корпорација.

“Се надеваме дека постоечките инвеститори во обновливи извори на енергија, кои што имаат значително искуство ќе дадат свој придонес во дискусиите, и ќе понудат сугестии за подобро отпочнување и имплементација на проекти – истакна г-динот Кочо Анѓушев, Претседател на Групацијата на производители на обновливи извои на енергија, при Стопанска комора на Македонија.

Главната цел на Форумот е да се овозможи на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во областа на обновливи извори на енергија,  вклучително  лица што работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции и меѓународни донатори и да се генерираат нови иницијативи, и предлози за законски решенија.  

Темите за дискусија на првиот форум се однесуваат на поедноставување на процедурите за обновливи извори на енергија, новиот модел на договор за концесија за мали хидроелектрани, како и моделите за договори за откуп на енергија и поврзување со мрежа.  

Инфо за уредниците:    

Американскиот народ, од 1993 година преку УСАИД, има инвестирано над 500 милиони долари во Македонија. УСАИД имплементира проекти кои креираат работни места, ги зајакнуваат демократските институции и практики, го засилуваат интегрираното образование, и ги подготвуваат студентите да станат успешна работна сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во преку 100 земји во светот. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб страницата www.macedonia.usaid.gov и страницата на УСАИД на Фејсбук - USAID Macedonia

Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, кој започна во 2013 година, и ќе трае три години, е насочен кон поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија и имплементирање на релевантни стратегии,  со цел да се зголемат инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, и да се намали вкупната потрошувачка на енергија и емисија на стакленички гасови.