ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ПРИСТАП НА ПАЗАРОТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Датум на започнување: 18 април 2012 г.                                    
Датум на завршување: 17 април 2015 г.
Буџет на проектот:  $ 575,000
Имплементатор:  Центар за граѓански комуникации

Цели

Подигање на свеста на микро и малите претпријатија (ММП) за можностите што ги нуди пазарот на јавни набавки; унапредување на знаењето, вештините и способностите на ММП за поголемо учество во договорите на владата и усогласување на административните процедури за јавни набавки кои го попречуваат учеството на ММП во договорите на владата.


Компоненти

  • Олеснување на пристапот на ММП до пазарот на јавни набавки, придонес кон развојот на капацитетите на ММП и создавање на работни места.
  • Отстранување на непотребните препреки наметнати од властите за јавни набавки и градење на капацитетите на ММП за ефективно учество во системот на јавни набавки.   

Очекувани резултати/Влијание

  • На пазарот на јавни набавки ќе влезат барем 200 ММП од целните региони, откако ќе бидат обезбедени со применливи информации, знаење, алатки и вештини за зголемена вклученост во јавните набавки;
  • Најмалку 100 локални договорни органи од целните општини ќе преземат мерки за обезбедување полесен пристап за ММП на пазарот на јавни набавки;  
  • Ќе биде развиен модел за пристап на ММП до јавните набавки и ова искуство ќе се споделува и реплицира во другите региони во земјата; и
  • До сите договорни органи во земјата ќе бидат доставени препорачани мерки за да се овозможи полесен пристап за ММП до пазарот на јавни набавки.

Информации за контакт

Контакт во УСАИД:                        Татјана Марковска, AOR, tmarkovska@usaid.gov
Раководител на програмата:       Герман Филков, gfilkov@ccc.org.mk
Службеник за комуникации:      Павлинка Маџевска pmadzevska@ccc.org.mk