ГАРАНТЕН МЕХАНИЗАМ ЗА КРЕДИТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА (SME DCA)

Датум на започнување: 1 септември, 2007 г.
Датум на завршување:  1 септември, 2014 г. 
Буџет на проектот: 9 милиони долари во форма на заеми 
Имплементатор: УНИБАНКА и НЛБ Лизинг

Цели

Гарантниот механизам за кредити за развој на мали и средни претпријатија, прва од ваков вид во Македонија, им обезбедува пристап до обртен и инвестициски капитал на компании кои сакаат да ја прошират својата дејност или да обезбедат пристап до нови пазари. Овој гарантен механизам го подобрува пристапот до капитал, што претставува главна пречка за развојот на малите и средни претпријатија од приватниот сектор во Македонија. 


Компоненти

Гарантен механизам на одредено портфолио на заеми: Седумгодишната кредитна линија во износ од $9 милиони, преку УСАИД обезбедува 50% парцијална гаранција од максималниот износ на кредитот, со што на овој начин, ризикот се споделува со банките партнери. Тука е вклучен и периодот од 2 години за пласирање на средствата и максималниот период за користење и враќање на заемот од 5 години.  


Достигнувања/Влијание

Развојот заснован врз извоз е ограничен заради тоа што банките имаат погрешна перцепција за ризиците во врска со давањето заеми на малите и средни претпријатија, што пак резултира со наметнување на преголеми барања за залог со цел да го сведат на минимум својот ризик.  Со овој гарантен механизам, УСАИД мобилизира приватни финансиски средства за целните индустрии кои примаат техничка помош.  Краткорочниот резултат е зголемена конкурентност на малите и средни претпријатија и извоз на стоки со додадена вредност. Долгорочните резултати ќе помогнат малите и средни претпријатија да станат кредитоспособни и да ја демонстрираат финансиската одржливост на снабдувачките синџири од целната индустрија на локалниот пазар. До сега, обете финансиски институции имаат одобрено преку 106 заеми/лизинг на 56 компании во различни сектори, во вкупен износ од преку 6,8 милиони долари.


Информации за контакт

Контакт во УСАИД: Маргарета Липковска Атанасов, COR mlipkovska@usaid.gov
Марија Танасоска, НЛБ: Лизинг marija.tanasoska@nlblizing.com.mk
Билјана Трпкоска, УНИБанка: biljana.trpkoska@unibank.com.mk