Home » News & Information » Fact Sheets » ПРОЕКТ ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Датум на започнување: 15 август 2012 г.
Датум на завршување: 14 август 2014 г.
Буџет на проектот: $ 292,536
Имплементатор: My Career (Моја кариера)
|
Цели
Да се зголеми учеството на лицата со попреченост во македонското општество преку обезбедување можности за практикантска работа и вработување како и да се поттикнат позитивни промени во перцепцијата и ставовите кон лицата со попреченост во приватниот сектор и јавноста
Компоненти
- Од практикантска работа до вработување и самовработување: Обезбедување можности за практикантска работа и вработување за лицата со попреченост во компании и локални јавни институции. Лицата со попреченост ќе добијат обука за зголемување на нивните способности за вработување. Ментори од компаниите и институциите кои ќе ангажираат лица со попреченост ќе добијат обука за да го препознаат, вреднуваат и правилно да го искористат придонесот на лицата со попреченост во нивните организации. Обуки за претприемништво како и бизнис консултации и советодавни услуги ќе бидат обезбедени за лицата со попреченост кои сакаат да започнат со сопствен бизнис.
- Прашањата во врска со попреченоста да се направат видливи за приватниот сектор и заедницата: Подготвување и дистрибуирање на видеа и други промотивни материјали преку кои ќе бидат претставени најдобрите практики и успешното вработување и практикантско ангажирање на лицата со попреченост.
- Основање на Советодавен одбор на проектот со учество на лица со попреченост: Основање на Советодавен одбор од претставници од организации на лица со попреченост и други чинители со цел да се обезбеди нивно учество во имплементацијата на проектните активности. Советодавниот одбор ќе биде активно вклучен во подготвувањето кампањи за подигнување на јавната свест, промотивни материјали и политики и процедури за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост. Одборот ќе преземе активности за лобирање за да ја подигне свеста на креаторите на политики и другите актери во општеството за потребата од продуктивна вклученост на лицата со попреченост во општеството.
Очекувани резултати/влијание
- 300 лица со попреченост ќе бидат ангажирани како практиканти
- 100 лица со попреченост ќе бидат вработени со полно работно време
- Обука и поддршка на 50 лица со попреченост да започнат сопствен бизнис
- 100 менаџери од компании ќе бидат обучени за ментори, со цел да ги поддржат практикантите и новите вработени од групата на лица со попреченост.
- Изработка и дистрибуција на видеа и други промотивни материјали.
Контакт за информации
Контакт во УСАИД: Антоанета Шкартова, раководител, askartova@usaid.gov
Раководител на програмата: Лидија Дамческа, lidija.d@mojakariera.com.mk
Службеник за комуникации: Ивана Србиноска, iva.s@mojakariera.com.mk
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.