Датум на започнување: септември 2012 г.
Датум на завршување: 24 месеци
Буџет на проектот: $1,500,000
Имплементатор: Milieukontakt Macedonia
|
ЦЕЛИ
Зајакнување на граѓанското општество и подигање на свеста, поттикнување на активизмот и зголемување на издржливоста на локално ниво кон глобалните климатски промени.
КОМПОНЕНТИ
- Зелена агенда – ангажирање на засегнатите страни во процес кој е дизајниран со цел да се развијат стратегии засновани на консензус и акциски планови, со кои ќе се реши приспособувањето кон климатските промени и ќе се намалат нивните ефекти.
- Пилот проекти/Итни активности – планирање и спроведување на пилот проекти и итни активности со кои ќе се зголеми приспособувањето на засегнатите страни и ќе се намалат ефектите од климатските промени, а истовремено ќе се интензивира нивното учество.
- Градење капацитети – учесниците се стекнуваат со вештини и знаење неопходно за зголемување на нивната издржливост кон климатските промени и зајакнување на нивната способност за ангажирање во граѓански активности за поддршка и застапување.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ/ВЛИЈАНИЕ
- Ќе се подготват и спроведат од четири до осум општински стратегии за климатски промени и акциски планови.
- Ќе се подигне јавната свест за климатските промени.
- Ќе се преземат мерки за намалување на ефектите од климатските промени.
- Ќе се преземат мерки за приспособување кон ефектите од климатските промени.
- Ќе се зголеми способноста и спремноста на учесниците за ангажирање во граѓански активности и активности за поддршка и застапување.
- Ќе се унапреди соработката меѓу граѓанските организации, граѓаните, општините и приватниот сектор.
Информации за контакт
Контакт во УСАИД: Џенифер Коноли (Jennifer Connolly), AOR,jconnolly@usaid.gov
Раководител на програмата: Игор Славкоски, igor@mkm.mk
Службеник за комуникации: Дарко Лешоски, darko@mkm.mk
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.