Датум на започнување: 30 септември, 2009 г.
Датум на завршување: 30 септември, 2019 г.
Буџет за проектот: $5 милиони во форма на заеми
Имплементатор: Штедилници „Можности“ и „ФУЛМ“
|
Цели
Портфолиото на гаранции за заеми на Одделот за кредити за развој (DCA) ги поддржува микро-претпријатијата или индивидуалните лица во секторите кои имаат потреба од пристап до работен капитал и заеми за инвестиции, со цел да започнат бизнис или да ги прошират своите деловни активности. Ова портфолио исто поддржува и индивидуални лица кои бараат заеми за образовни цели и можности за вработување. Гарантниот механизам овозможува институциите за микро-финансирање да даваат заеми на оние кои моментално сѐ уште немаат пристап до кредити. Со DCA, УСАИД мобилизира приватни финансиски средства за целни корисници на заеми, што придонесува кон исполнување на глобалната цел на Мисијата за одржлив економски развој и генерирање на работни места.
Компоненти
- Микро-финансиски заеми за започнување бизнис, за микро, мали и средни претпријатија кои покажуваат потенцијал за придонес кон растот на македонската економија.
Очекувани резултати/Влијание
До крајот на 10тата година од траењето на DCA, УСАИД очекува преку 2.300 корисници на заеми да добијат кредити за кои во други околности не би можеле да се квалификуваат. Вкупната сума на заемите ќе изнесува $5 милиони. Досега “Можности” успеа да ја исплати целосната сума од $1,62 милиони во форма на 268 заеми додека ФУЛМ распредели 913,000 долари преку 449 заеми . Штом ќе се отплати, оваа сума ќе се преобрати уште еднаш.
Одржливост/Наследство
Финансиски институции кои се појавуваат како партнери се всушност институции кои произлегоа како наследство од УСАИД. Со ова партнерство, УСАИД дополнително ја зајакнува нивната позиција на македонскиот финансиски пазар како микро-финансиски институции и им помага да ја продолжат нивната мисија за обезбедување финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија. Овие институции се докажаа како одлични генератори на нови вработувања, придонесувајќи на тој начин кон стратешкиот фокус на УСАИД за развој на работната сила и креирање на нови работни места.
Информации за контакт
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.