Почеток: 26 јуни, 2013
Времетраење: 34 месеци
Очекуван буџет на проектот: $671,109
Спроведувач: Македонски центар за меѓународна соработка
|
Цели
Општа цел на програмата е придонес кон демократска Македонија без корупција.
Цел на програмата е зголемена информираност и знаења на граѓанските организации и граѓаните за барање повеќе отчетност кај институциите како и придонес кон нивен поголем интегритет.
Компоненти
- Длабинска анализа на состојбите со корупцијата во Македонија – Спроведување на Системот за следење на корупција (ССК) за мерење на сегашното ниво и трендовите на распространетост на корупцијата во земјата, како и идентификување на ставовите на јавноста и нејзините очекувања.
- Градење капацитети на ГО – Зголемени капацитети на граѓанските организации за следење и борба против корупцијата и барање отчетноста на Владата како и преземање поголема одговорност и активизам на граѓаните и влијание на јавните политики.
- Следење на политиките – Следење на транспарентноста на процесот на креирање политики и трошењето на државниот буџет како и обезбедување можности за сите засегнати страни да бидат информирани, консултирани и вклучени како партнери во тие процеси.
- Подигање на свеста за состојбите со корупцијата – Информирање на граѓаните за специфични антикорупциски проблеми; мапирање на секојдневните искуства во давањето/недавањето поткуп; и мотивирање на медиумите и младите новинари да пишуваат за корупцијата.
Очекувани резултати/Влијание
- Спроведен Систем за следење на корупцијата (ССК);
- Развиен Извештај за оценка на корупцијата (ИОК);
- Развиени три акциски планови за проблемите идентификувани во ИОК;
- Форум за политики за борба против корупција;
- Обучени повеќе од 60 претставници на ГО и државни институции за следење на борбата против корупцијата;
- Воспоставена платформа на ГО против корупција;
- Следење на отвореноста на институциите – развиен Извештај „Огледало на владата“;
- Развиени три Извештаи за проценка на ризикот (ИПР) за државни институции изложени на ризикот на корупцијата;
- Објавени 10 извештаи за различни прашања поврзани со корупцијата;
- Подготвен Водич за граѓаните за следење на буџетот;
- Развиена веб страна за следење на трошењето од државниот буџет;
- Организирани 15 информативни настани низ Македонија;
- Развиена иновативна веб страна за следење на корупцијата;
- Зголемена мотивација на медиумите за пишување приказни поврзани со корупцијата.
Контакт информации
Контакти во УСАИД: Мајкл Стиеватер, AOР, mstievater@usaid.gov
Раководител на програмата: Емина Нурединоска, enr@mcms.mk
Координатор на програмата: Марија Саздевски, msz@mcms.mk
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.