Датум на започнување: 15 Април, 2013
Датум на завршување: 15 Април 2016
Буџет на проектот: 1.7 милиони долари
Имплементатор: Winrock International
|
Цели
Обезбедува поддршка на Владата на Република Македонија во процесот на подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија и имплементирање на релевантни стратегии, со цел да се зголемат инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, и да се намали вкупната потрошувачка на енергија и емисија на стакленички гасови.
Компоненти
- Поедноставување на процесот за развој на проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија – активностите кои ќе се преземат имаат за цел подобрување на деловното опкружување во областа на обновливи извори на енергија
- Воспоставување на процеси и процедури за ниско-емисиони развојни стратегии – активностите ќе се фокусираат на поддршка на Владата на Република Македонија во унапредување на правната рамка за планирање, иницирање и спроведување на процеси и процедури за намалување на емисијата на стакленички гасови со цел да се унапреди економскиот развој, да се подобри управувањето со животната средина и да се постигнат развојните цели.
- Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија ги координира своите активности со останатите проекти на УСАИД, како и со билатералните и мултилатералните донатори, со цел да се превенира преклопување на активностите, и да се овозможи нивна синергија.
Очекувани резултати / Влијание
- Подобрено деловно опкружување во областа на обновливи извори на енергија
- Воспоставен механизам за одржлив и ефикасен јавно-приватен дијалог
- Унапредени капацитети на Владата на Република Македонија за воспоставување на национална рамка за приоретизирање на нискоемисиони развојни стратегии
- Подобрена законска рамка во планирање, започнување и спроведување на нискоемисиони развојни процеси и процедури кои што имаат крајна цел намалување на потрошувачката на енергија и емисијата на стакленички гасови.
Контакт информации
Контакт во УСАИД: Маргарета Липковска Атанасов, COR, mlipkovska@usaid.gov
Раководител на програмата: Самир Латиф, latifs@winrock-macedonia.org
Службеник за комуникации: Татјана Митевска, tmitevska@winrock-macedonia.org
Comment
Make a general inquiry or suggest an improvement.