Повторно отворен Работниот клуб во Центарот за вработување на град Скопје

Повторно отворен Работниот клуб во Центарот за вработување на град Скопје
Сечење на лента за новиот Работен клуб во Центарот за вработување на град Скопје ( Министерот за труд и социјална политика на Р. Мкедонија, Раководителката на кариерен центар Скопје, Директорот на УСАИД Мисијата во Р.Македонија)

For Immediate Release

Tuesday, November 26, 2013
Билјана Величковска
+389 2 310 2314

Проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС)“ денес го прослави повторното отворање на Работен клуб во Центарот за вработување на град Скопје. Ова е еден од седумте работни клубови коишто УСАИД ги реновира и опреми во општини ширум Македонија. УСАИД обезбеди нов мебел, компјутерска опрема, книги и други материјали во вредност од 5.000 УСД за секој работен клуб.

„Постои голем јаз помеѓу вештините коишто работниците ги имаат и вештините коишто се потребни на постојниот пазар на трудот. Доколку сакаме ефективно да ја намалиме стапката на невработеност во Македонија, јасно е дека исто така мораме да го намалиме тој јаз“, рече Директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стајн.

Главната цел на Работниот клуб е да им помогне на невработените пријавени во АВРМ да ги стекнат потребните вештини за успешно наоѓање на вработување на пазарот на трудот во Македонија кој брзо се менува. Неговите ресурси и услуги ќе им помогнат на невработените да дознаат за разни кариерни можности и за тоа како тие соодветствуваат со нивните лични вештини, способности и знаења и ќе ги одведат до соодветни кариери и значајно вработување. Во текот на следната година, Проектот Мрежа ЈЕС на УСАИД ќе продолжи да поддржува реновирање и обезбедување на нова опрема за работните клубови во други општини.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИКОТ:    

Американскиот народ, преку УСАИД, од 1993 година наваму, во Македонија има вложено преку 500 милиони УСД. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создаде работни места, за да ги зајакне демократските институции и практики, за да го подобри интегрираното образование и за да ги подготви учениците за работната сила. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации, ве молиме посетете ги страната на УСАИД Македонија на интернет и страната на УСАИД Македонија на Фејсбук.                

Проектот Мрежа ЈЕС на УСАИД го спроведува Центарот за развој на образованието, глобална непрофитна организација посветена на подобрување на учењето и унапредување на здравјето. Проектот соработува со Агенцијата за вработување, средните стручни училишта и невладините организации кои работат со младинци со цел да им помогне на учениците од последната година на образование и невработените младинци преку кариерно советување, обука за подготовка за вработување и за работа, како и искуства на учење преку работа како практикантство, практична работа и претприемнички активности. Сите тие се развиени за да им помогнат на младите луѓе да влезат во светот на исполнувачка и продуктивна работа.