ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Датум на започнување: Јули 1, 2011        
Датум на завршување: Јуни 30, 2016       
Буџет за проектот: УСД 1.979.400              
Имплементатор: Центар за претприемништво и извршен развој (CEED) 

Цел

Зголемување на економскиот раст и создавање на работни места преку зајакнување на микропретпријатијата со цел нивниот придонес во државната економија да се доведе на највисоко ниво. Главниот дел на корисници на проектот ќе се состои од 180 микропретпријатија и  претприемачи од четири региони во Македонија.


Компоненти

Практични програми за учење во врска со микропретприемништвото: CEED ги приспособува и ги проширува своите постојни програми за обука, кои се сконцентрирани на поголеми претпријатија, на специфичните потреби на микро и малите претпријатија и нови бизниси во четири региони: Скопје, Полог, Југоисточниот регион и Повардарието. Програмата за часови за претприемачи вклучува размена на искуства со поискусни претприемачи на теми како што се: пристап до финансиски средства, деловно планирање, продажба и маркетинг  како и средби за поврзување. Понапредната финансиска програма опфаќа теми како што се: финансиски анализи и управување и вклучува дијагноза на финансиската состојба на компанијата.

Служби за деловна поддршка за регионален раст: Поддршката која ја дава проектот им овозможува на микропретпријатијата да се прошират на регионалните пазари, да ја подобрат понудата на производи и да воведат нови практики на управување. Преку канцелариите на CEED кои се наоѓаат во Косово, Албанија и Србија, нуди можности за наоѓање партнер или учење за пазарите во тие земји.  Проектот обезбедува техничка поддршка во следните области: финансиско управување, воведување на нови технологии, сертификати за квалитет и создавање на деловни планови за проширување. 

Мал приватен капитал, квази капитал и капитал на бизнис ангели за микропретпријатијата: CEED воспостави нов фонд со цел да се инвестира капитал во избраните микропретпријатија кои ќе покажат способност за зголемување на профитот на локалните и регионалните пазари. Фондот ќе изнесува вкупно УСД 800.000 и ќе се инвестира во околу 10 фирми со просечна инвестиција од УСД 80.000 за секоја фирма.  


Очекувани резултати/Ефекти

  • Создавање на најмалку 250 работни места во микропретпријатијата на кои им се помогнало.  
  • Деловно проширување на 10 фирми преку инвестиција на приватен капитал од УСД 800.000.
  • Зголемена продажба кај малите бизниси преку проширување на локалните и регионалните пазари.
  • Зголемено споделување на информации за практики за деловно управување меѓу сопствениците на мали бизниси преку посилно поврзување.

CEED, кој што беше создаден во 2007 година, е наследна институција на УСАИД Македонија. Моменталните проектни активности се засноваат на пристапите кои, со поддршка на УСАИД, веќе се успешно спроведени во малите и средни претпријатија за време на изминатите десет години,. Во првата година од спроведувањето на овој проект, 63 претприемачи учествуваа во програмата за учење, во микропретпријатијата кои тие ги водат се создадоа 63 нови работни места, а 30 од нив воведоа нови практики во нивните претпријатија. Како резултат на разните можности за поврзување, учесниците склучија 62 нови деловни зделки.


Информации за контакт

Контакт во УСАИД: Тања Марковска, AOR, tmarkovska@usaid.gov
Раководител на програмата:   Јован Маџовски, jmadjovski@ceed-macedonia.org
Службеник за комуникации:  Билјана Митрева, bmitreva@ceed-macedonia.org
Веб страна:   www.ceed-macedonia.org